Одморот во Калитеа им се претворил во кошмар, девојчиња од Македонија нападнати во Грција

Летувањето во Калитеа во соседна Грција за пет другарки од Македонија се претворило во кошмар, откако сопствениците на апартманот во кој биле сместени предизвикале инцидент, кој завршил со физички напад.
На четвртиот ден, од планираните седум, сопственичката и нејзиниот син, ги исфрлиле од станот под изговор дека не ги почитувале правилата и пуштале прегласна музика, при што се обиделе брутално да се пресметаат со нив, пренесува 24 вести.
„Ни викаа дека сме животни, дека не сме никој и ништо и ќе ви правиме што сакаме, не омаловажуваа. газдарицата ја тегнеше другарка ми за коса ја давеше, а на другата и маваше шамари.“ - вели Катерина Еленинска.
Но нивната голгота не завршила откако го напуштиле станот. Тврдат дека ниту полицијата ниту брзата во Грција не сакале на време да реагираат само поради тоа што доаѓаат од Македонија.
„Не сакаше да каже детали дека бевме нападнати и дека ни упатуваше расистички навреди и ни се потсмеваа полицајците“ - вели Леа Авриќ.
Црногорскиот и американскиот пасош на две од петте другарки ги спасиле и останатите ноќта да не ја поминат под отворено небо. Откако контактирале со конзуларните претставништва на двете земји, биле згрижени, а веќе следното утро се вратиле дома, но велат дека се разорчарани поради тоа што ваква помош не добиле од македонскиот конзулат.
„Додека од црногорската амбасада и се јавија на другарка ми, од нашиот конзулат никој не се загрижи.“ - изјави Еленинска.
Петте другарки на одморот во Грција заминале преку туристичка агенија, меѓутоа велат дека нема да поднесат тужба за инцидентот во кој биле нападнати, бидејќи велат дека агенцијата се понудила за помош. Нема да ги тужат ниту мајката и синот кои ги нападнале бидејќи не очек уваат да го добијат спорот во Грција, но апелираа до македонскиот конзулат поажурно да се грижи за македонските државјани кои престојуваат или патуваат во Грција.
Ново на Сител
-

Тешко повреден 21-годишник откако паднал од прозорец на автомобил во движење
-

Од бокс и самоодбрана до екологија и историја - Патриотско Друштво организираше Дрил Камп за млади во Маврово
-

Од утре сончево и потопло време, температурите до 35 степени
-

Од полноќ поскапуваат горивата, дизелот со најголем раст
-

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е одговор на предизвиците што ги носи неизвесноста на глобално ниво и континуитетот на развојните политики што даваат резултат
-

Тројца мртви и четворица ранети на фестивалот на храната во Сиетл, осомничениот напаѓач е уапсен
-

Инфантино до критичарите на СП 2026: Медитирајте, молете се, гледајте фудбал
-

Во ЈЗУ во Гостивар вчера прегледани 127 пациенти со симптоми на ентероколит
