Одлуките за попуштање на рестриктивните мерки ќе се носат според мислењето на Комисијата, најави Спасовски
За натамошниот тек на рестриктивните мерки ќе се разговара утре на состанок на главниот кризен штаб и нивното олабавување и нормализирањето на состојбата ќе зависи од развојот на ширење на инфекцијата, а одлуките како и досега ќе се носат врз основа на мислењата на стручните луѓе односно епидемиолозите од Комисијата за заразни болести, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.
– Најважно е не само да ги вратиме мерките, туку и да ја одржиме состојбата на ова ниво што го имаме денеска, а тоа е стабилна здравствена состојба во која здравствениот систем ќе може да одговори на состојбите пред нас, рече Спасовски.
На прашање дали ќе има целодневно ограничено движење за празникот Рамазан Бајрам, премиерот повтори дека за сите мерки се слуша мислењето на Комисијата и дека врз основа на тоа се носат одлуките без разлика за кој ден станува збор.
– Но, со оглед на фактот дека имаме двоен празник на 24 Мај, тоа заслужува внимание да се разговара и на главниот кризен штаб и да се разговара на седница на Влада. Но, како и да е, одлуките ги носиме на база на мислењата на стручните луѓе и какви ќе бидат доставени, ќе носиме соодветни одлуки и ќе ја информираме јавноста, додаде Спасовски.
Ново на Сител
-
Отворени Олимписките игри во Париз
-
Евробарометар: Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ
-
Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата
-
ЕЕБ: Со правилни одлуки во Европа може да има и доволно храна и енергија и обновена природа
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и топло со слаб северен ветер
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата