Одложено судењето за екс претседателката на ДКСК Димитровска – Апелација сѐ уште не одлучила за надлежноста на обвинителството

Денешното судско рочиште во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, беше одложено, бидејќи Апелацискиот суд сè уште нема донесено одлука за тоа кое обвинителство е надлежно за водење на постапката.
Како што беше соопштено на денешното рочиште, се чека одлука дали предметот ќе го преземе Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција или Основното јавно обвинителство. Одложувањето следи по жалба поднесена од одбраната на обвинетата Билјана Петровска Мантева, која во овој предмет се товари за оддавање службена тајна.
Димитровска е обвинета за две кривични дела – оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, обвинет во предметот „Адитив“, како и за компјутерски фалсификат, односно дека ревизорот Миле Столевски во нејзино име го полагал тестот за добивање безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации.
Покрај Димитровска, на обвинителна клупа седнаа и ревизорот Столевски, како и обвинетите Борче Најдов и Билјана Петровска Мантева. Во текот на досегашната постапка, Обвинителството побара предметот да се спои со случајот „Адитив“, но судот одлучи постапката да се раздвои само во однос на обвинетиот Борче Најдов.
Бранителот на Димитровска, адвокатот Владимир Туфегџиќ, тврди дека информациите кои таа ги споделила не претставуваат службена тајна, туку се јавно достапни податоци, а за делото поврзано со сертификатот посочува дека клучни биле безбедносните проверки на Агенцијата за национална безбедност, а не самиот тест. Одбраната најави сведочење на претставници од АНБ и од ДКСК и очекува ослободителна пресуда.
Од Обвинителството, пак, посочуваат дека располагаат со цврсти материјални и вербални докази и дека анализата на податоците екстрахирани од мобилниот телефон на Димитровска, кои опфаќаат околу 250.000 електронски записи, е при крај.
Ново рочиште за случајот е закажано за 18 февруари, оваа година.
МИА
Ново на Сител
-

Дигитален регистер на загадувачи за почисто Скопје
-

Многу малку сестри во одделите за интензивна нега
-

Деменцијата зема замав - недостигаат институции
-

Трибина за органодонорство во Кавадарци - еден донор може да спаси 8 животи!
-

Започнува конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот на црквата во село Мокрино, општина Ново Село
-

Меѓународна конференција за зајакнување на улогата на жените во процесите на донесување одлуки
-

Преглед на вестите од светот
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
