Одложено денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември

Судското рочиште за предметот „Државна лотарија“ кое требаше да се одржи денеска во Основниот кривичен суд Скопје е одложено. Следното рочиште е закажано за 11 ноември.
Во предметот, обвинети се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами и уште шест лица.
Последното рочиште се одржа на 30 октомври, кога сведочеше Андреј Крстевски, советник за имплементирање проекти во АД „Државна лотарија“, кој претходно бил член на Управниот и Надзорниот одбор, како и заменик-директор на претпријатието. Тој сведочеше за начинот на донесување одлуки во претпријатието и постапката за набавка на ВЛТ терминалите.
Одговарајќи на прашања на Обвинителството во врска со набавката на ВЛТ терминалите, сведокот изјави дека за идејата бил информиран лично од Бајрами и додаде дека за спроведената постапка дознал непосредно по нејзиното завршување од лица кои биле членови на комисии задолжени за спроведување на постапките.
Во меѓувреме, на 3 ноември Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја укина мерката притвор за Бајрами и прифати гаранција во недвижен имот во вредност од 1.140.781 евро. Покрај гаранцијата, му се определени и мерки на претпазливост, меѓу кои одземање на патната исправа и редовно јавување во Судот.
Покрај Груби и Бајрами, обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски.
Според обвинението, со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари. Сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.
МИА
Ново на Сител
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
-

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
-

Скопје денеска имаше најстудено утро, локален дожд попладне и во текот на ноќта
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
