-->
-->
Одложени два лета од скопскиот аеродром
-->
Авиолинијата Скопје - Истанбул утрово ќе се реализира со задоцнување. Според веб страницата на ТАВ Македонија, авионот на „Пегазус“ што требаше да слета во Скопје во 9.55 часот, е одложен за 12.05, а пролонгирано е и неговото враќање за Истанбул од 10.50 во 13.00 часот.
За еден час е одложен и летот Истанбул - Скопје - Истанбул на друга компанија. Првично планиран за 11.25, авионот во Скопје треба да слета во 12.25, а наместо во 12.45, се очекува да се врати во Истанбул во 13.45.
Не е наведено дали причина за одложувањето е маглата во Скопје. Други измени на редот на летање, според веб страницата на ТАВ Македoнија, засега нема.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции
-
Прилеп утре повторно ќе добие јавен градски превоз по пауза од 3 дена поради штрајк на вработените во ЈП за ПУП