-->
-->
Одела да си ги земе децата од училиште: Познат идентитетот на првата цивилна жртва
-->

Мајка, која во моментот одела да си ги земе децата од училиште, е првата цивилна жртва од вчерашниот терористички напад во Лондон, чиј идентитет и беше откриен на јавноста.
Се работи за 43-годишната Ајша Фраде, наставничка по шпански јазик во шестто одделение во училиште близу мостот „Вестминистер“. Ајша била на пат до училиштето на нејзините две деца, на возраст од 8 и 11 години, кога напаѓачот почнал со автомобилот да коси се пред себе.

Во вчерашниот терористички напад во Лондон загинаа три цивили, еден полициски службеник и самиот напаѓач. Беа повредени околу 40 лица, од кои седум се во критична состојба.

Семејството на Ајша потекнува од шпанскиот град Бетанзос, во близина на Ла Коруња. Таа е родена во Британија и е во брак со Португалец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
