Одбраната во „Титаник“ бараат изземање на Обвинителката Лиле Стефанова
Адвокатот Еленко Миланов на денешното судење за предметот „Титаник“ на СЈО, побара изземање на Обвинителката Лиле Стефанова. Тој вели дека таквиот предлог е заради тоа што Стефанова е сведок во предмет каде осомничена е специјалната обвинителка Катица Јанева.
На почеток од судењето, Обвинителката Стефанова рече дека судот не треба да го прифати барањето за одложување на рочиштата кое на претходното судење го побараа адвокатите. Смета дека во овој момент Катица Јанева е се уште специјален обвинител и никакво право досега не и е одземено во однос на предметите кои ги застапува.
Стефанова на влез во судот, во изјава за Сител изјави дека не треба да прекинат судењата кои ги застапува СЈО. На прашањето дали советот на јавни обвинители треба да го декласифициран извештајот за разрешување на Јанева кој утре ќе го разгледува собранието, вели дека тоа е одлука што треба да ја донесат членовите на Советот на Јавни обвинители.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Експерти: Ударната тупаница против организираниот криминал станува дисфункционална
-
Даштевски: Подготвени сме и за парламентарни избори
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
Русковска: Суспендирани се правото и правдата
-
Бугарската влада одобри 400.000 евра за здруженијата на бугарите во соседството
-
Колони возила на патарината ,,Миладиновци“ - ЈПДП најави реконструкција до крајот на годината
-
УКИМ ги отвори вратите за студентите
-
Вечерва се отвора ИФФК „Браќа манаки“