Одбраната на Ратко Младиќ побара укинување на неговата доживотна казна затвор
Одбраната на поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ побара од Меѓународниот механизам кој ги презема делата на Хашкиот трибунал, да ја поништи пресудата за доживотен затвор од ноември 2017 година.
Одбраната го образложила своето барање со лошата здравствена состојба на Младиќ, кој освен досегашните здравствени проблеми во последно време има благи когнитивни нарушувања и благ степен на деменција. Според одбраната, овие болести, кои не биле дијагностицирани во затворот во Хаг и не биле третирани како што треба, не му дозволија на обвинетиот во целост да учествува во судскиот процес.
Адвокатите на Младиќ побарале Меѓународниот механизам да ја испита и активноста на официјалните лица и медицински персонал во затворот на трибуналот, а особено на докторот Паулус Фалке под сомнение за непочитување на судот. Според адвокатите, овие лица на адвокатите на Младиќ им забраниле пристап до медицински документи, кои биле доказ за вистинската тешка состојба на затвореникот, не му ја обезбедувале неопходната медицинска нега и не дозволувале генералот да го прегледаат независни лекари.
На 22 ноември минатата година Хашкиот трибунал го осуди Ратко Младиќ на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на обичаите и законите на водење војна.
Генералот се криеше речиси 16 години пред да биде уапсен во Србија во мај 2011 година и екстрадиран во Хаг. За време на неговиот престој во Хаг, здравствената состојба на Младиќ сериозно се влоши, но Трибуналот ги отфрли предлозите за негово лекување во Русија или во Србија. Во затворот Младиќ доживеа два срцеви удари и еден инфаркт.
Одбраната на генералот претходно изјави дека ќе поднесе жалба на пресудата на Трибуналот. Рокот за жалба истекува на 22 март оваа година.
Ново на Сител
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи