-->
-->
Одбојкарите веруваат дека можат до баражот за ЕП
-->
Македонската селекција во ги одработуваат завршните подготовки за продолжението во квалификациите за ЕП. Тие веруваат дека сеуште постојат шанси за освојување на второто место кое води во баражот.
По трите порази на првиот квалификациски турнир, македонската одбојкарска селекција со само 1 освоен бод е последна четврта во конкуренција на Чешка, Романија и Естонија.
Сепак од таборот на црвено-жолтите веруваат дека се кадарни да се изборат за второто место кое носи во баражот од квалификациите.
„Одигравме под нивото на првиот меч. Знаеме дека можеме подобро. Но наидовме на нерешливи ситуации. Никола играше со болки во грбот. Имаше и други повреди. Не можевме да се покажеме подобро. Против Чешка и Естонија бевме добри. Изгубивме ама генерално одигравме добри средби. Теоријата вика дека треба да победиме три екипи“- смета селекторот Николај Жељасков.
Капитенот Никола Ѓорѓиев смета дека шанси сеуште постојат.
„Играме со истите опоненти. Мораме да направиме една победа. Најважно од се, е да бидеме здрави и секој да си продолжи по својот пат. Благодарност до сите играчи кои се се жртвуваа“, изјавата на Ѓорѓиев.
Натпреварите од втората рунда квалификации ќе се играат од петок до недела, а Македонија редоследно ќе игра со Чешка, Естонија и Романија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот