-->
-->
Одбирајте ги овие седишта - Ова се најсигурни места во авионот
-->

Летањето со авион се смета за една од најсигурните методи за патување. Но, несреќите сепак се случуваат, а местото на кое седите и тоа како може да ја зголеми шансата истата да ја преживеете без поголеми последици.
Магазинот „Тајм“ направил детална анализа на 17 авионски несреќи во последните триесет години за да открие кои места во авионот се најсигурни. Изненадувачки, како најсигурни места во авионот се покажал средниот ред во „опашката“ на железната птица.
-Средната на авионот низ историјата се покажала како најфаталниот дел за патниците. Смртноста во предниот дел од авионот изнесува 44 отсто во однос на задниот дел од авионот каде таа изнесува 28 отсто – истакнуваат во споменатиот магазин.
Покрај тоа за сигурни се сметаат и двата реда кои се најблиску до излезите во случај на опасност, со оглед дека патниците на овие места имаат можност најбрзо да излезат од леталото.
Секако, секогаш треба да се почитува протоколот за сигурност во авионот и да се врзе со безбедносен појас каде и да седеле.
Во магазинот истакнаа дека споменатите места не ги спречуваат повредите и смртноста. Туку се показатели на „најсреќните“ во последните триесет години на авионски несреќи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
-

По долга правна битка евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвладитет
-

Вучиќ: Курти на денешен состанок со Макрон ќе изнесе две барања од кои едното е „многу опасно“
-

Без струја делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба, без вода корисниците од една улица во Нерези
