Одбиен приговор на СДСМ за Теарце

Приговорот на СДСМ за избирачкото место 2024 во селото Теарце во ИЕ 6 е едногласно одбиен откако ДИК потроши драгоцено време во препукување, лични навреди и дисквалификации и изживување врз гласачкото тело, и изврши увид во гласачката кутија. Беше констатирано дека состојбата е идентична со онаа која е заведена во записникот 16.
За избирачкото место 2.016 сите членови на ДИК изгласаа дека треба да бидат повикани членовите на избирачките одбори и да дадат изјава, односно треба да го проверат и потврдат оригиналниот записник, бидејќи вкупниот број на запишани гласачи се 843, а при сумирање на гласачките ливчиња бројот е 842.
Државната изборна комисија ги отфрли приговорите на СДСМ за избирачките места 2.010 и 2.025 кои исто така се во шестата изборна единица во општина Теарце. СДСМ до ДИК достави осум приговори за текот на гласањето на предвремените парламентарни избори.
Ново на Сител
-

Избор на нови министри во Собранието
-

Одложена седницата на Судскиот совет
-

Мицкоски: Македонија ги повикува иселениците
-

Славески: Инфлацијата во 2025 околу 4%
-

СДСМ: Поради криминал имаме поскапа струја
-

Полицијата во Охрид со засилени контроли
-

Расте бројот на пациенти со покачен крвен притисок
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
