Македонија
11. December 2015 - 12:33

Одбележување на Светскиот ден на планината - 11 декември

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија со пешачење на тура Водно - Матка и проекции на планинарски филмови се приклучува кон одбележување на 11 декември - „Светскиот ден на планината“.

Утре од 18 часот во МКЦ-кино Фросина ќе бидат прикажани планинарски филмови, а во недела со тргнување во 7 часот пред ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје ќе се организира тура Водно-Матка, како и пешачење на Матка со стартно место пред манастирот Света Богородица во 10 часот.

Од Федерацијата информираат дека одбележувањето на Светскиот ден на планината е со цел да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита.