Одбележување на Европската недела за безбедност и здравје при работа

Дистрибуција на промотивен материјал во неколку компании во Македонија, организирање дискусии за предизвиците и проблемите од областа на безбедноста и здравјето при работа и коорганизаторство на Третата меѓународна конференција за регионална соработка за безбедност и здравје при работа која од денеска до 28 октомври ќе се одржува во Будва, се дел од активностите што Македонското здружение за заштита при работа ги организира по повод Европската недела за безбедност при работа.
- Oвогодинешното мото „Градење на БЗР во 21-от век” ја претставува нашата професионална континуирана заложба за постојано учење и менување на превентивната култура. Култура, која треба да биде изграденa индивидуално од секој од нас и да биде применлива за секого. Нашата цел е да ги собереме сите на едно место од нашиот регион и пошироко, кои имаат одговорност за животот и здравјето на луѓето во работниот процес. Со размена на искуства, имаме за цел да ги добиеме најдобрите решенија кои ќе бидат финансиски прифатливи, технички оптимални и долгорочни одржливи и ефикасни, велат од Македонското друштво за заштита при работа.
Одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа се одржува секоја година во октомври и е проследена со голем број настани за подигнување на свеста за безбедни и здрави работни места во рамките на ЕУ, но и пошироко.
Во организација на EU-OSHA, темата на кампањата на Европската Неделa за 2017 година е здрави работни места за сите возрасти, чија цел е подигнување на свеста за важноста и значењето на одржливиот работен век.
Ново на Сител
-

Николоски: Со нови пет авиолинии, единствена држава сме што отвора нови летови во најголемата авиокриза
-

Николоски: Автопатот Требениште - Струга - Ќафасан ќе се гради, ќе утврдиме во соработка со УНЕСКО по која траса
-

Антонио Кошта денеска во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски
-

Во првиот квартал најбарани работници во услужните дејности и продажбата
-

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словачка, средби со највисокото државно раководство
-

Без струја дел од Бутел и Ѓорче Петров
-

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија
-

Трамп: Договорот со Иран може да се постигне во текот на следната недела
