Одбележување на Денот на првата армиска специјална единица

Во касарната „Илинден“ - Скопје денеска ќе се одржи воена свеченост по повод одбележување на Денот на првата специјална единицата и 30 години од формирањето на Баталјонот на специјални сили (бСС).
Баталјонот на специјални сили го прославува 1 март, како датум во спомен на денот кога 1994 година е формирана првата специјална единица во Армијата, препознатлива како „Волци“, која воедно е и првата професионална единица.
На свеченоста, покрај министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, ќе присуствуваат и армиски генерали, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, пензионирани генерали, команданти на команди и единици на Армијата и други високи гости.
Денот на единицата, согласно програмата, ќе се одбележи со пригодни обраќања на министерката за одбрана, началникот на Генералштабот на Армијата, првиот командант на единицата, пензионираниот генерал Мирослав Стојановски и командантот на бСС потполковник Стефан Ивановски, по што ќе следува соопштување на стимулативни мерки за припадници на единицата и презентација на дел од новата опрема за припадниците на Армијата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
