Одбележување на 90 години од постоењето на КУД „Панче Пешев“ во Куманово

По повод одбележувањето на 90 години од постоењето Културно уметничкото друштво „Панче Пешев“ во наредните три дена ќе организира дефиле на фолклорни ансамбли низ улиците и плоштадот во Куманово, етно изложби, фолклорна вечер со учество на културно-уметнички друштва од Македонија, Србија и Бугарија.
Како што соопштија на денешната прес-конференија од КУД „Панче Пешев“ и градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, станува збор за едно од најстарите културно-уметнички друштва во Македонија.
- Сметам дека културно уметничкото друштво,и воопшто овој тип на негување на фолклорната традиција е запазување на традицијата и етно вредностите на една нација, изјави градоначалникот на општина Куманово,Зоран Дамјановски.
Во четврток во кумановскиот Центар за култура, ќе настапат ансамблите „Варна“ од Бугарија, „Шумадија“ од Горњи Милановац, фолклорниот ансамбл „Битола“, „Етнос“ од Скопје и домаќините од „Панче Пешев“.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
