Македонија
13. March 2021 - 8:31

Одбележување на 40-годишнината од формирањето на единицата „Тигар“

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод одбележувањето на 40 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

Како што соопшти владината Прес-служба, на настанот официјални обраќања ќе имаат премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и командантот на САЕ „Тигар“, Митко Даневски.