-->
-->
Одбележани двата Илиндени во Струмица
-->

Со полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Струмица и рецитирање револуционерна поезија беа одбележани 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ.
За значењето на двата Илиндени говореше градoначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
-Денес се слави и на „Мечкин камен“ во Крушево и во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце, но и во сите македонски градови и села. Славиме и ние овде во нашата Струмица, затоа што Илинден 1903 и Илинден 1944 се дел од нашите битија и од нашето постоење, рече градоначалникот Јаневски.
Чествувањето на големиот македонски празник продолжи со полагање цвеќе пред спомен бистата на илинденскиот војвода Ристоман Кочев Попчевски во селото Попчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
