Одбележани 74 години од формирањето на првите партизански групи во Гевгелиско

Во Гевгелија денеска на пригоден начин беше одбележан денот кога пред 74 години излегле првите партизани од градот и околината кои се бореле за ослободување на земјата од фашистичкиот окупатор.
Делегации на боречката организација, локалната самоуправа, претставници на јавни институции, политичките партии и бизнис секторот по тој повод денеска им оддадоа почит на народните херои и паднатите борци од овој крај со положување свежо цвеќе пред нивните спомен обележја.
Евоцирајќи спомени од тоа време, претседателот на боречката организација, Ристо Марковски, се потсети дека поради безбедносни причини било договорено партизаните да излегуваат постепено во групи и дека токму на денешен ден во месноста Топлик, во подножјето на планината Кожуф, излегла првата група партизани од овој крај.
Ново на Сител
-

Земјоделците го блокираа патот Прилеп-Битола, бараат итни мерки и помош од државата во сите гранки
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
-

Регионален антикорупциски форум во Скопје
-

Генерално чистење на Скопје
-

Објавен годишниот конкурс за финансирање проекти од културата
