Одбележани 17 години од киднапирањето и убиството на четворица жители на Непроштено во 2001
Со полагање цвеќе и помен парастос на споменикот посветен на четворицата киднапирани и убиени жители Македонци на селото Непроштено за време на конфликтот во 2001 година доцна попладнево беше одбележана 17-годишнината од овие трагични настани.
На 23 и 24 јули 2001 година од страна на засега непознатти лица беа киднапирани Крсто Гогоски, Цветко и Васко Михајлоски по што им се губи трагата додека Стојан Михајлоски беше застрелан и оставен неколку денови на нива во близина на селото. Петта година по ред нивните семејства, пријатели, роднини, соседи, но и други жители на Тетовско и пошироко се потсетуваат на овие настани.
Синот на киднапираниот Крсто, Војо Гоговски изјави дека на 14 јули ги зел посмртните останки на татко му од Институтот за судска медицина во Скопје и го погребале на православните гробишта во Непроштено со сите верски обичаи.
- Се знаат виновниците за овие тешки дела, а дел и се во државни институции. Се додека виновниците не бидат казнети согласно законот ние не можеме да останеме рамнодушни. Одговорно тврдам дека надлежните инститруции знаат точно што се случило во 2001 година со сите 12 киднапирани Македонци, кои се виновниците и каде се наоѓаат телата и сметам дека сите треба да се најдат и да се погребат како што треба, истакна Гогоски.
За утре на православните гробишта во Непроштено ќе бидат погребани и останките на Васко Михајлоски. Неговите заедно со останките на Крсто Гооговски и уште двајца од киднапираните беа пронајдени закопани заедно во 2004 година во масовна гробница во атарот на селото. Тие потоа беа идентификувани, но до оваа година семејствата не сакаа да ги подигнат од Институтот за судска медицина.
На денешното одбележување од страна на свештеници на Тетовското архиерејско намесништво на МПЦ – Охридска архиепископија беше отслужена панихида и помен парастос за загинатите, додека на споменикот цвеќе положија нивните семејствата, претставници од Кабинетот на претседателот на Македонија, Тетовскиот гарнизон на АРМ, бранителските здруженија Одбор на бранители и Бедем, Светскиот македонски конгрес, Сојузот на воени инвалиди и претставници на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Тетовско и од Скопје.
Случајот на киднапираните Македонци од Тетовско заедно со случаите водството на ОНА, затворањето на липковската брана и малтретирањето и изживувањето на работниците од градежното претпријатие „Маврово“ беа дела од хашките случаи кои беа вратени во надлежност на Македонија и за кои беше донесена амнестија во 2011 година.
Ново на Сител
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25