Одбележана годишнината од историски настан во село Варварица

Со традиционалниот „Марш до Варварица“ во организација на локалната самоуправа Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица беше одбележана 74 – годишнината од формирањето на Првиот Околиски комитет на Народно-ослободителниот младински сојуз на Македонија и Првиот Народно-ослободителен одбор за Струмица и Струмичко.
Пред спомен – плочата во селото, на која се испишани имињата на учесниците во овие историски настани цвеќе положија делегации од општина Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица.
За значењето на овие настани говореше градоначалникот на Василево, Марјан Јанев, кој истакна дека овие значајни датуми се дел од револуционерната борба кога таа земала се поголем замав, а слободата била се поблизу.
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
