Одбележана годишнина од формирањето Здравствениот Дом во Ресен
Јавната здравствена установа Здравствен Дом-Ресен одбележа 35 -години од денот на основањето и 75 – години од формирањето на првата здравствена станица во Преспа.
Според директорката на ЈЗУ Здравствен Дом-Ресен, д-р Сања Андоновска, тамошната здравствена установа се истакнува со брзи и квалитетни здравствени услуги и има визија за иден развој.
-Двата големи јубилеи, 35 години од основањето на Здравствениот дом, како и 75 години од почнување со работа на првата здравствена станица во Преспа се одбележуваат во име на традицијата, и се соодветна почит за сите наши колеги кои го вложиле своето знаење и пружале помош на пациентите, на нашите сограѓани кои имале потреба од лекарска интервенција или совет, рече, меѓу другото, директорката Андоновска.
Во рамки на свеченостите, пред присутните гости меѓу кои и државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски и други претставници на јавниот живот, беше промовирана книгата „Развојот на здравството во Преспа од почетокот на 19 век“ од авторот д-р Димитрија Китановски.
Ново на Сител
-
СДСМ го обвини Орце Ѓорѓиевски дека ги штити дивоградбите во Чаир
-
Дали ќе се ревидира примената на Бадентерово мнозинство?
-
Пелагонија без испитен центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
МЗ: Странски кардиохирурзи ќе ги проверуваат документациите во приватните и државните болници
-
Адеми: Опасни се изјавите на Филков за ревидирање на Бадентеровото мнозинство
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава