Одадена почит за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје

На Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции денеска положија цвеќе пред споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година го разори Скопје.
Цвеќе во спомен на жртвите во катастрофалниот земјотрес положија и официјална делегација на Градот Скопје, составена од градоначалникот Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, делегации на Владата, на Собранието на Република Македонија, од Министерството за одбрана на РМ, делегации од политичките партии, од сите општини на Град Скопје, делегации од дипломатскиот кор во Македонија, како и од здруженија на граѓани и други организации.
Цвеќе положија и делегации на јавните претпријатија и културните установи на Град Скопје и членовите на Црвениот крст, и припадници на други јавни институции од земјава оддавајќи им почит на жртвите во катастрофалниот земјотрес во далечната 1963 година.
Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, во ДХО „Даре Џамбаз“, од 9 до 17 часот, на крводарителска акција што традиционално ја организира Црвениот крст на град Скопје, граѓаните ќе може да даруваат крв и да спасат нечиј живот.
Вечерва во Музеј на град Скопје, во 19 часот, ќе се одржи литературно читање насловено како „Поетесите за својот град“, а во 20:30 часот, градоначалникот Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе ја отвори изложбата „Скопје 1963 - пред и потоа“.
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
