-->
-->
Од западнонилска треска во Грција починале четири лица
-->
Од почетокот на сезоната, заклучно со вчера, од западнонилска треска во Грција починале четири лица, на возраст од над 80 години, а 35 се заразени, според податоците на националната организација за јавно здравје, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.Националната организација за јавно здравје, во седмичниот извештајот пишува дека е веројатно и очекувано во следниот период да се појават и нови случаи.
Од 2010 до 2018 во Грција биле регистрирани вкупно 988 случаи, починале 134 лица, најголемиот број на смртни случаи имало лани (50), а во 2015 и 2016 воопшто не бил регистриран случај со заразен со вирусот, jави дописничката на МИА од Атина.
Случаи со заразени со вирусот Западен Нил кај луѓе и животни се забележани во различни делови на земјата во годините 2010 – 2014 и 2017 – 2018 година, во скоро сите региони. Ова укажува дека вирусот Западен Нил веќе континуирано постои во нашата земја, како и во други европски земји, пишува во извештајот на грчката Национална организација за јавно здравје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
