Од утре врнежи, ветер и заладување

Утре ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд - најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Од УХМР информираат дека в петок наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m2), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот се очекува да преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен по должината на Повардарието.
Во Скопје утре ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. В петок времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално пообилни, со засилен ветер од северен правец.
МИА
Ново на Сител
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
-

Иран: Ормутскиот теснец е под наша контрола, бродовите мора да плаќаат такса
-

Прилепската болница за прв пат доби апарат за оптичка кохерентна томографија
