Македонија
19. јуни 2016 - 11:14

Од утре во прекин патот до селото Орман

Заради одвивање градежни работи на 20, 21 и 22 јуни (понеделник, вторник и среда), патот од училиштето „Јоаким Крчовски“ до селото Орман, во општина Ѓорче Петров ќе биде во прекин.

Автобусите на ЈСП Скопје ќе сообраќаат само до училиштето.

Од општината апелираат до граѓаните за разбирање и соработка.