Од утре ниски утрински температури, од вторник снег
За време на викендот и в понеделник времето во Македонија ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени. В недела ќе биде најстудено, со температура од -16 до -7. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Дневните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а во местата со магла ќе останат под нула.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во вторник и среда ќе има има зголемена облачност со повремени врнежи од снег, а само во крајните југоисточни делови од државава врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните и јужните делови повремено умерен интензитет, поради што снежната покривка нема значително да се зголеми.
В среда под влијание на спуштање на постудена воздушна маса ќе дува умерен северен ветер, кој ќе услови до крајот на работната недела дневните температури да бидат во опаѓање и ќе се движат од -3 до 3 степени.
Ново на Сител
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија
-
Турската компанија Чагатај Кабло отвора нов погон во Бунарџин
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги наруши меѓународните позиции и ја понижи Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Институциите успешно се справуваат со пожари
-
СДСМ обвинува за нови тендерски мрежи на владата
-
Објавен конкурсот за упис на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска вкупно 29 пожари, активни се уште се 9, меѓу кои и кај Блаце