Од утре ќе се гради снежниот град на Попова Шапка
По 42-ри пат, од утре до 24-ти овој месец во Попова Шапка ќе се одржи традиционалната детска манифестација „Снежен град – 2019“, на која ќе учествуваат ученици од основни училишта од Скопје, Куманово, Виница и Тетово.
Како што информира организаторот на манифестацијата – Детскиот културен центар „Карпош“- Скопје, екипите составени од по десетина деца со свој ментор ќе бидат сместени во хотелот „Славија“-ЕЛЕМ. Тие со потребните алатки ќе ја градат своја склулптура и ќе ја прикажат својата креативност и умешност.
-Децата кои учествуваат на снежен град користејќи ја својата фантазија, се вистински уметници кои си играат со снегот и го претвораат во објект кој што тие си го замислиле. Веруваме дека како и секоја година ќе направат впечатливи, уметнички скулптури, велет од Детскиот културен центар „Карпош“- Скопје.
Во рамките на манифестацијатаќе се одржат и други активности од забавно-рекреативен карактер, како избор на снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг понг, билијард, шах, училишна квизотека, пикадо, снежен крос, најслатка бонбона, снежно бинго, бал под маски и забава во дискотека за учесниците.
На 24 февруари во 11:00 часот децата – градителите заедно со директорката на ДКЦ „Карпош“, Билјана Лалчевска Серафимовска ќе го претстават и свечено ќе го отворат „Снежниот град“ за сите посетителите кои ја сакаат оваа уметност да ги разгледаат ремек делата на малите креативци направени од снег.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил

