Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
Министерството за здравство попладнево информира дека уште четворица пациенти, кои беа повредени во пожарот во Кочани, се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.
- Поконкретно, еден од пациентите пристигна во тек на вчерашниот ден од Софија, двајца пациенти се враќаат денеска од Белград, а четвртиот пациент треба да пристигне утре од Софија, со што во странските медицински центри ќе останат на лекување уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани. Пациентите кои се лекуваат во странство се во стабилна состојба, појаснуваат од Министерството за здравство.
Како што додаваат, специјалисти од Клиниката за пластична хирургија повеќепати во неделата редовно одат во Општата болница во Кочани и вршат преглед, преврски и тријажа на повредените пациенти, а воедно и специјалисти по физикална медицина и специјалисти од психијатрија се вклучени во третманот на лицата со изгореници.
- Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација, истакнуваат оттаму.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“, што избувна рано изутрина на 16 март, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени и пренесени на лекување во болниците низ државава и медицинските центри во странство.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер