Од среда мобилизација на приватните лекари од северна Грција
Од три региони во северниот дел на Грција, во среда започнува мобилизација на приватните лекари, кои во период од еден месец ќе помагаат во битката со пандемијата во државните болници, јави дописничката на МИА од Атина.
Конкретната одлука за мобилизација веќе е објавена во Службен весник на Грција, а ќе се мобилизираат пулмолози, општи лекари и анестезиолози.
Поради брзото ширење на Омикрон, грчките болници се соочуваат со сериозни проблеми и недостиг на персонал со оглед на тоа што околу 2.500 здравствени работници се во карантин поради зараза со Ковид-19, според претседателот на Федерацијата на вработени во државните болници Михалис Јанакос.
Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, говорејќи за грчкото радио „Атина 9.84″, најави дека атинска општа болница одново ќе стане ковид центар и ќе прима пациенти исклучиво со Ковид-19 и соопшти дека болниците во Атина ќе се зајакнат со околу 800 дополнителни кревети од приватните клиники.
Ново на Сител
-
Гордана Сиљановска-Давкова прва жена претседател на Северна Македонија
-
Груевски и честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и испрати порака
-
Бојмацалиев: Вечна слава на загинатите припадници на македонската полиција во Диво Насеље
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Девет години од настаните од „Диво Насеље“
-
Вучиќ и ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова
-
Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Сиљановска-Давкова