Од секс бомба до пропадната жена: Се лечела од алкохолизам, спасот го нашла во пилатес

На 25 години се прослави со улогата на фатална жена во филмот „Телесна страст“ и го освои светот.
Денеска има 63 години и поради тешката болест не потсетува воопшто на заводничката која светот ја обожаваше.
Сега ги моли фановите да ја разберат нејзината положба и да ја прифатат каква што е.
Легендарната Кетлин Тарнер, која своевремено важеше за една од најубавите актерки на светот, откри дека нејзината убавина била уништена од болеста ревматоиден артритис.
Холивудската ѕвезда била натечена од лековите и операциите, и во текот на времето го променила физичкиот изглед.
Со болеста почнала да се бори пред две децении, а тогаш се шпекулирало дека алкохолот е виновен за нејзината состојба.
„Бев надуена како балон од лековите. Беше навистина “гадно“, изјави Кетлин и додаде дека почнала да пие за да може да се соочи со својата болка.
Изјави дека пиела за да ја ублажи болката. Поради алкохолизмот, имала проблеми со движењето, не можела да се фокусира, облече...

Животот и се променил.
Неодамна успеала да го прекине деструктивниот круг со помош на пријателите и семејството, а и артритисот попушта. Кетлин секојдневно оди на акупунктура.
„Најмногу ми помогна пилатесот. Го обожавам!“ – изјавила актерката свесна дека никогаш нема да изгледа како некогаш и на фановите им порача дека мораат тоа да го прифатат.
Ново на Сител
-

Даниловски за хантавирусот: Крајно време е да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и алгоритамски произведен страв
-

Нултиот пациент кој заболел од хантавирус на крузерот „Хондиус“ бил холандски орнитолог
-

Недела на сестринството, министерот Алиу најави поддршка за медицинските сестри и акушерки
-

Вкупно девет пријави во последното деноноќие за семејно насилство
-

Во Хрватска се повеќе случаи на намерно самоповредување, најлоша е ситуација кај тинејџерките
-

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина
-

ФАО: Цените на храната растат поради конфликтот на Блискиот Исток
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
