Од Романија за една година се иселиле 50.000 граѓани

Во 2022 година 50.000 Романци ја напуштиле својата татковина, објави весникот „Адеверул“, додавајќи дека рекордната бројка е еднаква на населението на средно голем град.
Според експертите демографската криза во Романија продолжува, а причините за тоа се економски и социјални.
На масовната миграција се додава и негативниот природен прираст на населението.
Според податоците на Националниот статистички институт, во април 2023 година имало за 2.853 новородени деца помалку во споредба со истиот месец од 2022 година. Природниот прираст бил негативен во април 2023 година (минус 8.902 лица), како и во април 2022 година (минус 8.859 лица).
Во 2011 година, бројот на Романци кои живеат во земји-членки на ЕУ изнесуваше 1,67 милиони луѓе и оттогаш продолжува да расте, достигнувајќи 2,5 милиони во 2019 година, покажуваат податоците на Европскиот статистички институт Евростат.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
