Македонија
14. April 2018 - 13:29

Од психијатриска болница објавувал на Фејсбук закани кон неговата поранешна девојка

Вчера во полициската станица во Неготино, жител на Неготино , пријавил дека Д.С објавувал фотографии на социјалните мрежи и се заканувал на неговата ќерка
 
Имено Д.С, кој бил на издржување мерка задолжително психијатриско лекување во ЈЗУ„Психијатриска болница“-Скопје (поради КД„Убиство“ извршено пред пет години), на неговиот профил на социјална мрежа објавувал фотографии од ќерката на пријавителот која била поранешна девојка на Д.С, и притоа објавувал сериозни закани кон нејзиниот живот, стои во соопштението од МВР.
 
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.