Од Прилеп и Мариово до светскиот пазар – македонскиот рубин тргнува во меѓународна промоција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини в понеделник, 21 септември, ќе ги соопшти натамошните активности за заштита, сертификација и промоција на македонскиот рубин.
Ќе бидат презентирани досегашните, но и идните конкретни чекори за воспоставување на системот за заштита и препознатливост на македонскиот рубин - од утврдување и документирање на потеклото, преку сертификација и воспоставување јасни критериуми, до создавање механизми за негова автентична промоција.
Посебен фокус ќе биде ставен на активностите за негово меѓународно промовирање.
Како што велат од Министерството, ова ќе биде можност јавноста и медиумите директно да се информираат што е досега направено, што следува и како ќе се одвива целиот процес во наредниот период.
На настанот ќе присуствуваат министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, членовите на новоформираната Комисија за македонскиот рубин, како и претставници на Геолошкиот завод, Заводот за индустриска сопственост, Министерството и другите институции и чинители вклучени во процесот.
Министерката Божиновска во јуни годинава соопшти дека пристигнало решението со кое и официјално се заштитува македонскиот рубин како наш, македонски полускапоцен камен.
Рубинот што се вади во Македонија е геолошки и естетски уникат: познат е како корунд со карактеристична малиново-розова боја, што се јавува поради присуството на хром во неговата кристална структура. Се наоѓа исклучиво во околината на Прилеп и во планините на Мариово, што го прави единствен природен рубин во копнената Европа што се обработува локално.
Покрај својата естетска и колекционерска вредност, македонскиот рубин претставува дел од културното и историското наследство на земјата - симбол на природната убавина и националната гордост.
Активностите за заштита на македонскиот рубин почнаа во септември 2025 година.
МИА
Ново на Сител
-

Светско првенство во киксбокс: Бабовски победи, Смилевски загуби, Илковски се повреди
-

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина и почеток на ерата на супер-интелигенцијата
-

82-годишник почина по тепачка со 76-годишник за лежалка на плажа во Грција
-

Пациент тврди дека бил претепан од болничар, од установата пријавиле дека паднал од кревет
-

69-годишна жена од валандовско изгоре во пожар во сопствената куќа
-

Холанѓанец и Шпанец нападнале арачиновец во Аеродром
-

Мицкоски во Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки
-

Заминал на работа и исчезнал, неколку часа подоцна пронајден мртов на стадион со моторна пила до него
