Од полноќ поскапува бензинот
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар, а за толку поевтинува Екстра лесното масло за домаќинствата (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 85 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 72,5 денари.
Поскапува и Мазутот М-1 НС за 0,330 денари и новата цена ќе изнесува 41,409 денари за килограм.
Не се менуваат цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и литар и натаму ќе се продава за 87 денари, односно 74 денари.
Со Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 проценти во однос на одлуката од 10 април.
-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,784 проценти, кај дизелот за 0,639 проценти, кај екстра лесното масло има намалување за 0,211 проценти и кај мазутот има зголемување за 1,245 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,164 проценти.
Ново на Сител
-

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна лотарија“
-

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - најголема еко-акција досега
-

Македонија увезува лубеници иако ги има и за извоз, речиси 9 од 10 килограми доаѓаат од Албанија
-

Трамп со шефовите на најголемите технолошки компании потпиша документ за вештачката интелигенција
-

Денеска се празнуваат Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
-

Сончево и топло со температури до 26 степени
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
