Од полноќ пак поскапуваат горивата: Дизелот за 8,5 а бензинот за 3,5 денари
Цената на дизел горивото од полноќ се зголемува за 8,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за 3,5 денари, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Со оваа одлука, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 6,88 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 93 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 95, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 94 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 6,50 денари за литар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 90 денари. Мазутот М-1 НС, пак, поскапува за 4,846 денари за килограм и ќе се продава за 59,165 денари.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензинот во просек за 8,971 отсто и кај дизелот за 16,811 отсто, како и за околу 1,078 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
Ново на Сител
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред