Бизнис
3. July 2023 - 13:27

Од полноќ дизелот поевтинува за еден денар

Од полноќ за еден денар поевтинува дизелот, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

Согласно новата одлука, дизелот ќе се продава по цена од 70 денари за литар, Еуросупер БС-95 по цена од 80 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 82 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство останува 69 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,022 ден/кг и сега ќе изнесува 41,029 ден/кг.

Од РКЕ информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,284 проценти, кај дизелот во просек за 3,191 проценти и кај Екстра лесното масло во просек за 0,202 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,386 проценти.