Македонија
27. July 2022 - 12:54

Од полноќ дизелот поевтин за два денари

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски денеска најави нови цени на горивата. Дизелот, како што рече, ќе поевтини за два денари.

- Уште еднаш се потврдува дека РКЕ работи по јавно објавена методлогија, а до 2019 година методологијата беше таен документ и не смееше да се објави.

Тие што не ставија на билборд, сега јавно да се извинат и да кажат дека лажеле, истакна Бислимовски, одговорајќи на новинарски прашања по работната средба со претставниците на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во Стопанската комора.