Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 во Бугарија починале 25.005 граѓани

Според последните податоци на Единствениот информативен портал на Бугарија, во последните 24 часа има 2.826 новозаразени лица со коронавирус или вкупно 112.651 активни случаи. Тоа се 1.908 случаи помалку од претходниот ден.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, во Бугарија се зголемува бројот на лица во болниците и Одделенијата за интензивна нега. Изминатите 24 часа се направени 46.388 тестови. Процентот на позитивни е 6,1 отсто.
Според податоците на здравствените власти, 86,38 отсто од заразените во текот на денот не биле вакцинирани.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починале 65 лица, од кои 98,46 отсто не се вакцинирани.
Вкупниот број на починати во Бугарија од почетокот на пандемијата веќе достигна 25.005. Бројот на хоспитализирани е 8370, што е за 108 повеќе од петокот.
Официјалните податоци покажуваат зголемување на бројот на пациенти примени на интензивна нега, што значи, според локалните експерти, притисокот врз здравствениот систем во Бугарија ќе зголемување. На Одделенијата за интензивна нега има зголемување во однос на петокот кога биле 724, а во саботата нивниот број се зголеми на 732.
Само во последните 24 часа во болниците се примени 359 пациенти. Од нив 89,42 отсто не се вакцинирани.
Вчера во Бугарија беа дадени 6.749 дози вакцини, со што се дојде до вкупната бројка од 2.960.810 дадени дози.
Математичарот проф. Николај Витанов предвидува дека за време на парламентарните и претседателските избори во Бугарија на 14 ноември ќе има зголемување на бројот на активни и смртни случаи од коронавирус. Тогаш, според неговите прогнози, ќе има пик и кај смртноста и кај активните случаи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
