Од мај ќе се наплаќа движењето со возила низ Национален парк Шар Планина

Од 2 мај 2025 година, Јавната установа Национален парк Шар Планина почнува со систем за наплата на влез на моторни возила на територијата на паркот, преку праќање на СМС порака или скенирање на QR код. Треба да платат сите посетители кои со моторни возила се движат по дозволените патишта низ паркот, а ослободени од наплата се жителите на селата. сопствениците на приватни имоти, како и правните лица регистрирани на територијата на НП Шар Планина.
-Со праќање на СМС порака за влез на моторното возило, Вие директно придонесувате кон заштитата на природата на Шар Планина и помагате во зачувувањето на ова уникатно природно богатство за идните генерации. Стратешките заложби на ЈУ Национален парк Шар Планина се насочени кон тоа на посетителите кои не оставаат еколошки отпечаток да не им се наплатува влез во Националниот парк, се вели во денешното соопштение на НП Шар Планина.
Граѓаните може да платат со праќање на порака (СМС) од нивниот телефон со категорија на возилото и број на регистрација на телефонскиот број 144 – 555 или да скенирајте QR код, да изберат категорија на возило и да внесат податоци.За мотоцикли и автомобили надоместокот изнесува 150 денари, додека 250 денари за комбе и минибус до 20 седишта. Автобусите и тешките товарни возила ќе треба да плаќаат по 450 денари.
Ново на Сител
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
-

Eпилепсија, вртоглавици, моторни оштетувања: Симптоми на пост-западнонилски синдром
-

Преглед на вестите од светот
