„Од класика до евергрин“ – концерт на „Скопски солисти“

Камерниот оркестар „Скопски солисти“ вечер од 20.30 часот во Националната опера и балет ќе одржи концерт „Од класика до евергрин“, во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје и во рамки на „Скопско лето“. Диригент е Иван Еминовиќ, а солисти Наде Талевска-Спасовска – сопран и Горан Наумовски – естраден уметник.
Ансамблот „Скопски солисти“ е формиран во 2000 година од обоистот Васил Атанасов, кој е и негов уметнички раководител. Членови се афирмирани македонски уметници, како и млади, талентирани музичари. Ансамблот презентира камерна музика – од барок до современа, почитувајќи го и македонското музичко творештво.
Од 2011 година „Скопски солисти“ имаат објавено три цедиња од нивните изведби во живо. Имаат настапувано на фестивали во земјава и во странство, а ансамблот традиционално одржуваше и Божиќен концерт.
Ново на Сител
-

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид
-

Во Штип лани речиси секој ден се продавал по еден стан
-

Преглед на вестите од светот
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
