Од денеска укината делумната забрана за движење во шуми
„Национални шуми“ информира дека согласно нивното барање од 27 септември, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство издаде согласност за укинување на делумната забрана за движење во шума, заради проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари.
Укинувањето на делумната забрана за движење во шума стапува на сила од денеска.
Како што наведуваат од претпријатието, со допис се известени Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, медиумите, како и подружниците во состав на јавното претпријатие.
Делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште стапи на сила на 17 јули годинава согласно барањето од „Национални шуми“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите
-
Дали ќе има нови мерки за високите цени?
-
Зголемени наплати, спречени обвиди за шверц – успешна година зад Царинската управа
-
Прилеп ќе добие Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија