Македонија
6. October 2020 - 12:11

Од денеска поголем број автобуси на ЈСП, дел од линиите по летен возен ред

ЈСП информира дека од денеска на поголемиот дел од автобуските линии се вклучени поголем број возила во однос на изминатиов период, поточно дел од линиите во јавниот превоз почнаа да сообраќаат по летен, делничен возен ред.

Станува збор за линиите 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, 63А, 65, 65Б, 67,  163, 165, 167, 180.

Линиите 9, 19, 20 и 23 часот, како и во изминатиов период, продолжуваат да соораќаат по редуциран делничен возен ред. Останатите линии имаат саботен режим на сообраќање.

-Линиите, 25, 25А, 25Б, 28 и туристичката линија „Сити тур“ и натаму се времено укинати, информираат од ЈСП.