Од денеска нови мерки на Кипар

Задолжителен рапид тест за сите што пристигнуваат на Кипар, со исклучок на оние кои примиле трета доза; присуство на свадби, крштенки и други прослави само за вакцинирани; задолжително тестирање за да продолжи да им важи сертификатот на вакцинираните пред седум месеци; промени во протоколите за контакти со позитивен случај, се дел од мерките што од денеска стапија во сила на Кипар, согласно одлуките на Владата донесени во понеделникот, јави дописничката на МИА од Атина.
Истото, веќе важи и за спортските сали и стадионите, за кината и театрите, како и за ноќните клубови и угостителските објекти.
Планирано е следниот месец да се разгледа можноста за укинување на „SafePass“ (сертификатот за вакцинација) за лицата кои не примиле трета доза од вакцината, а поминале седум месеци од вакцинацијата.
Од сабота пак, овие лица веќе ќе мораат да се тестираат со ПЦР или рапид тест за да продолжи да им важи сертификатот.
Промени има и во протоколите за блиските контакти на потврдените случаи, па така од денеска до 15 јануари, задолжително ќе треба да направат рапид 72 часа по контактот и ПЦР тест на седмиот ден, а исклучок од мерката се оние кои примиле трета доза.
За лице кое имало контакт со заразен со Омикрон варијантата или со било кој друг сој што би се појавил во иднина, задолжителен е карантин, независно од тоа дали е вакцинирано или не.
Паралелно се намалува од шест на пет месеци и две седмици временскиот период за вакцинација со трета доза, а од утре започнува имунизацијата на деца од пет до 11 години.
Ново на Сител
-

Арагчи: САД треба да изберат дали сакаат прекин на огнот или продолжување на војната преку Израел
-

Пезешкијан го осуди кршењето на примирјето меѓу Иран и САД
-

Приведени тројца скопјани барани со потерница
-

Денвер го победи Мемфис, Јокиќ оствари трипл-дабл
-

Приведен радовишанец, се сомничи дека предизивикал пожар на планината Плачковица
-

Барселона загуби од Атлетико, ПСЖ подобар од Ливерпул во првиот натпревар од четвртфиналето на ЛШ
-

Ројевиќ: Триумфот над Еурофарм Пелистер ни ја крева самодовербата пред пресметките со Целје
-

ДЗР: Потребни реформи за одржлив пензискиот систем и соодветна грижа за старите лица
