-->
-->
Од денеска на скопскиот аеродром три часа порано за чекирање на багажот
-->

Од денеска до крајот на ноември патниците кои ќе ги користат авионските услуги на Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигнат три часа пред летот.
Од „ТАВ Македонија“ во петокот информираа дека авиокомпанијата ќе врши надградба на системот за багаж.
- Почнувајќи од 9-ти октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж. Затоа, апелираме до сите вас коишто ќе патувате во наведениот временски период преку Меѓународниот Аеродром Скопје, да пристигнувате на аеродромот, односно на шалтерите за пријавување патници и багаж, три часа пред планираното време на полетување на вашиот лет, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вечерва во 18 часот се осветлува Скопје: Ѓорѓиевски најави богата новогодишна програма на плоштадот „Македонија“
-

ВМРО-ДПМНЕ со своја Резолуција во Собранието
-

Медиуми во Австралија: Крвавиот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам
-

На грчки брод откриени неколку тони кокаин
-

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница
-

Фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден убиен во пукањето во Сиднеј
-

Зголемено нивото на водата во повеќе реки во земјава
-

Австралискиот премиер предлага построги закони за оружје по масовното убиство на плажата Бонди
