Од денешното силно невреме во Велес на повеќе места во градот паднати големи дрвја и гранки
Како последица од денешното краткотрајно но силно невреме со дожд, ветер и ситен град што претпладнево го зафати Велес насекаде низ градот на јавните површини како и во Градскиот парк и паркот на Гимназијата и на други места во градот, имаше паднати повеќе големи стебла и цели дрвја и купишта гранки.
Поради конфигурацијата на градот, песок од високите улици ги затрупаа главните сообраќајници во нискиот централен дел од градот и секаков друг вид смет. Вработените на ЈКП„Дервен“ со механизација,трактори и рачно цел ден низ велешките улици го собираа песок, гранки и други купишта смет од невремето по сообраќајниците.Работеа до доцна вечерва по што со цистерна со вода ги измија сообраќајниците.
Критично место во градот беше и Автобуската станица која е лоцирана под Мостот „Гемиџии“ и улицата која води кон Градскиот пазар кои по дождот беа пренатрупани со купишта на кал и песок.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР