Од август почнува примената на шествалентните вакцини

Од август ќе започне примената на шествалентните вакцини кои веќе пристигнаа во Македонија, а од септември се очекува да почнат да се користат и петвалентните вакцини, најави денеска премиерот Никола Груевски.
- Веќе вчера пристигнаа шествалентните вакцини и во наредните две до три недели ќе се распределуваат низ сите јавни здравствени установи според претходно утврдена шема. Околу 1 август ќе започне нивното користење, изјави Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по помоцијата на нови книги од проектот „Превод на дела од македонската книжевност на шест странски јазици“.
Што се однесува до петвалентните вакцини, Груевски соопшти дека тие треба да пристигнат до почетокот на август и оти веднаш по нивното пристигнување ќе почне дистрибуцијата.
- Исто така ќе бидат потребни две до три недели да се дистрибуираат и нивното користење ќе започне од 1 септември. Со ова исполнуваме уште едно наше ветување дадено во програмата и пред македонските граѓани, истакна Груевски.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
