Од 3700 активни случаи на Ковид-19, во Скопје 1426, најмногу во Чаир, Аеродром и Кисела Вода
Во земјава во моментов активни се вкупно 3.700 случаи на Ковид-19, најмногу случаи се регистрирани во Скопје 1426. Според дистрибуцијата на активни случаи по општини во Скопје најмногу има во Чаир-168, следи Аеродром со 161 и Кисела Вода со 158.
Гази Баба има 139 активни случаи, Центар и Карпош по 128, Шуто Оризари има 113, а Ѓорче Петров 101.
Следат општините со помалку од 100 активни случаи на нивна територија:
• Бутел – 92
• Сарај – 70
• Студеничани – 54
• Шуто Оризари – 113
• Арачиново – 24
• Илинден – 23
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 10
• Сопиште – 20
• Зелениково- 8
• Странец – 8
• Нераспределен- 4
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891, бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493, Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24 од направени 1621 тестови регистрирани се 138 нови случаи на Ковид-19, од нив најмногуи се во Скопје – 47 новозаболени.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Успешна акцијата за чистење на Скопје, нема да дозволам да се повтори грдата слика
-

Над четири и пол илјади тони отпад собрани во акцијата за чистење на Скопје
-

МВР: Уапсен турскиот државјанин кој синоќа удри во контејнери и возило во Аеродром и избега од местото
-

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
-

Земјотресот во Јапонија предизвика мало цунами без сериозни последици
-

Турчин во Скопје со возило удрил во контејнер, па во друго возило, и пробал да избега од полицијата
-

Лавров: Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со посакуваното темпо
-

38-годишник од Скопје со возило удрил во полицаец и го повредил
