Од 1. септември нов концепт за матурата и екстерното, отказите за наставниците остануваат
Од први септември нов концепт на државна матура и екстерно тестирање. Министерот за образование е оптимист дека за еден месец ќе се изготви најдоброто решение. Август е доволен за детална анлаиза на двата процеси.
И покрај тоа што е сезона на одмори, Адеми ќе ги направи сите напори на заедничка маса да ги седне професорите, родителите и ученците. Убеден е дека од исходот ќе бида задоволни сите, но смета дека проблематичната математика треба да остане во матурата како задолжителен предмет.
-Од последните резултати од државната матура видиовме дека учениците имаат подобри резултати од лани...Не беа залуди нашите инсистирања таа да остане задолжителна и натаму сметаме дека тоа беше добар потег, изјави минбистерот Адеми.
Точка која нема да се разгледува се отказите на наставниците. Адеми вели дека тоа не било дел од преговорите со СОНК. Останува на сила, престанок на работниот однос доколку наставникот две години по ред оценувал нереалнно и нема поклопување со оценката која ученикот ја добил на екстерното тестирање.
-

Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар
