Од 1 ноември почнува поставувањето урбана опрема во зимски услови
Град Скопје денеска информира дека од 1 ноември годинава почнува зимската сезона за вршење дејност надвор од деловен простор и поставување урбана опрема.
Заинтересираните корисници на јавни површини за добивање одобренија за вршење дејност надвор од деловен простор и за поставување урбана опрема за зимската сезона 2018 - 2019 своите барања треба да ги достават во архивата на Град Скопје најдоцна до 31 октомври.
Барањето можат да се најдат на веб-страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk или во архивата на Град Скопје – барака 16. Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви: 3297-209, 3297-247.
- Корисниците на јавни површини кои имаат одобрение од зимската сезона 2017-2018 година, треба да го достават стариот елаборат (оригинал), нова тековна состојба, за сопствен имот - имотен лист за деловниот простор и дворното место и катастарски план за парцелата, соопшти Град Скопје.
По доставените документи за исполнетите обврски кон Градот и општините, Град Скопје се обврзува во рок од пет работни дена да издаде одобренија за вршење дејност надвор од деловен простор и за поставување урбана опрема.
Зимската сезона за вршење дејност надвор од деловен простор и поставување урбана опрема завршува на 30 март 2019 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ