-->
-->
Од 1 јануари Македонија добива нов скијачки центар „Михајлово“
-->
Митко Јанчев градоначалникот на Кавадарци, на социјалните мрежи соопшти дека подготовките за пуштање во употреба на новиот ски – центар Михајлово се во завршна фаза и официјалното отворање ќе биде на 1 јануари.
„Македонија добива нов скијачки центар ,,Михајлово''!
Со огромно задоволство ве покануваме на 1 јануари од 11.00 часот на првиот ден од новата година во срцето на Кожув планина, да бидете дел од официјалното отворање на Скијачки Центар ,,Михајлово'' и првата скијачка патека која ќе го носи името Македонија
Снежната покривка е совршена, а планината подготвена да ве пречека.
Нова година, нов успешен почеток!
Ве очекуваме заедно да ја доживееме магијата на зимата...“, напиша Јанчев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Даниела Димовска избрана за в.д претседател на Кривичен суд
-
Полицијата се уште трага по возачот што го прегази Југо на пешачка патека
-
Партиите ги засилуваат теренските активности пред локалните избори
-
Повеќе здравствено осигурени отколку попишано население во државата
-
Нова инвестиција од 30 милиони во автомобилската индустрија
-
Ќе имаме многу тешко лето со пожари, вели Ангелов и уверува дека државата е поподготвена од лани
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд